AMD Strela

 

Општина Струмица и „Комуналец“ организираат собирање отпад од електронска опрема

Општина Струмица и „Комуналец“ организираат собирање отпад од електронска опрема
Објавено на: 17 Oct 2017

Општина Струмица заедно со ЈПКД Комуналец организира акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема во периодот од 17 октомври до 17 ноември 2017 година Се повикуваат сите грагани на Општина Струмица кои имаат електричен или електронски отпад:
1.Големи домашни апарати
- фрижидер,шпорет,машина за перење ,клима уред и др.
2.Мали домашни апарати
-пегла
-правосмукалка
-тостер
-фен
3.Компјутерска опрема
-компјутер
-печатар
-фиксен и мобилен телефон
4.Електронска опрема
-радио
-телевизор
-камера
-видео рекордер
-музички систем
5.Опрема за осветлување
-неонки
-сијалици
-расветни тела
6.Електрични и Електронски апарати
-бушалици
-пили
-машина за шиење
7.Електронски играчки и опрема
-видео игри
-справи за вежби
-играчки за батерии
8.Кабли,адаптери полначи за мобилен телефон.
Истиот да го пријават на тел.бр.034/325-909 и договорат термин за негово безплатно подигање од страна на ЈПКД Комуналец од нивните домови.Сите заедно да вложиме труд во зачувувањето и заштитата на непосредната околина а во исто време и унапредување за чиста и здрава животна средина.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK