Штрајк на грчките цариници утре ја затвора границата со Грција
Објавено на: 18 Oct 2017
Поради штрајк на грчките царински служби утре ќе биде во прекин сообраќајот за секаков вид на преминување на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци. Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред:
ГП Богородица од 06.00 часот на 19.10.2017 до 06.00 часот на 20.10.2017
ГП Меџитлија од 06.30 часот на 19.10.2017 до 06.30 часот на 20.10.2017
ГП С.Дојран од 05.00 до 23.00 часот на 19.10.2017.
Извор: МВР
Фото:Архива