На 21.10.2017 година околу 20.45 часот на Граничен премин „Богородица“, полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на товарно возило „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција, откриле група од 13 илегални мигранти од Ирак. Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото. Регионалниот центар за гранични работи Југ при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Извор:Билтен на МВР
Фото:архива