Членови на СРД „Костреш“ од Богданци денеска реализираа акција за чистење на брегот на езерото Палурци. Тие го собраа расфрланиот отпад во десетина вреќи и упатија апел до спортските риболовци и посетителите да не го оставаат ѓубрето по нив, туку да го носат во поствениот контејнер на браната.