Марјан Даскаловски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата на локалните избори е избран за претседател на Советот на општина Струмица. На денешната конститутивна седница за неговиот избор гласаа мнозинството советници. Тој доби 14 гласови, а другиот кандидат, Александар Донев од ВМРО ДПМНЕ, девет гласови. Со денешниот избор Даскаловски по трет пат застанува на чело на Советот на Струмица.
-Ми преставува голема чест но и голема одговорност што по трет пат ја добивам довербата за фунцкијата претседател. Во наредниот четиригодишен перииод ние советниците заедно со градоначалникот на Струмица ќе ги реализираме сите проекти што ги ветивме за време на изборите. Се надевам дека со новиот градоначалник Коста Јаневски ке имам одлична соработка како што имав и со претходниот Зоран Заев и заедно со советниците и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ ке ги гласеме едногласно одлуки кои ќе бидат за добро на граѓаните,, рече Даскаловски.
На денешната конститувина седница беа верификувани мандатите на советниците, а беа избрани и неколку комисии во рамките на Советот.