AMD Strela

 

БРОНЗЕНА САБЈА за „Златна петорка“ во Полска

БРОНЗЕНА САБЈА за „Златна петорка“ во Полска
Објавено на: 24 Oct 2017

На VIII Интернационален фестивал за историски и воени филмови кој се одржува во Варшава во периодот меѓу 23 и 26 октомври, македонскиот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, кој учествува во официјалната селекција, освои Бронзена сабја од стручното жири, во категоријата играни историски филмови. Филмот се натпреваруваше во официјална конкуренција со 70 други филмски остварувања од 18 држави. Поради неможноста режисерот и неговиот тим да присуствуваат на гала церемонијата по повод доделување на наградите, наградата ја прими Вршителот на работи во Амбасадата на РМ во Полска  Горица Атанасова Ѓоревска која во оваа прилика имаше и пригодно обраќање. Taa се заблагодари за укажаната чест во име на авторите, се осврна на значењето на филмот „Златна петорка“ како еден од најнаградуваните и најгледани македонски понови филмови, кој раскажува едно трагично сведоштво од македонската историја пренесено преку слободната уметничка интерпретација. Таа воедно истакна дека за Република Македонија се многу значајни учеството и наградата за македонски филм при првото учество на реномираниот полски фестивал, со што се градат нови културни мостови меѓу двете држави.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK