Новоизбраниот градоначалник на Богданци, Блаже Шапов,од денес официјално ја презеде функцијата. По врачувањето на уверенијата од ОИК беше извршено свеченото примопредавање на функцијата од страна на досегашната градоначалничка Анастасија Олумчева и Шапов.Тој победи на локалните избори во Богданци во првиот круг, а монозинството во Советот на општината го има СДСМ и коалицијата, од која е и новиот градоначалник Блаже Шапов.