Во работна посета на општина Струмица, денеска, престојуваше амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков. На средбата со градоначалникот на општина Струмица, се разгледуваа можностите за продлабочување на соработката, имајќи го в предвид фактот дека општина Струмица подолго време успешно соработува со повеќе општини од Бугарија.
Јаневски и Петков разговараа и за други форми на соработка, надвор од досегашната прекугранична соработка преку ИПА програмата, искористувајќи ги можностите кои што ги има Република Бугарија како членка на Европската унија.