Известување од општина Струмица:Собири на граѓани во урбаните односно месните заедници
Објавено на: 26 Oct 2017
Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 30 октомври до 13 ноември 2017 година, на иницијатива на Градоначалникот, согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници.
- Во с. Градско Балдовци собирот ќе се одржи на ден 30.10.2017 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
- Во с. Куклиш собирот ќе се одржи на ден 30.10.2017 година во училиштето во Куклиш, со почеток во 20 часот;
- Во с. Банско собирот ќе се одржи на ден 31.10.2017 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
- Во с. Габрово собирот ќе се одржи на ден 31.10.2017 година во училиштето, со почеток во 20 часот,
- За I, III, IV и V урбана заедница собирот ќе се одржи на 01.11.2017 година во големата сала на Дом на АРМ, со почеток во 19 часот;
- За II, VI, VII и VIII урбана заедница собирот ќе се одржи на 02.11.2017 година во големата сала на Дом на АРМ, со почеток во 19 часот;
- Во с. Дабиле собирот ќе се одржи на ден 03.11..2017 година во училиштето , со почеток во 18 часот;
- Во с. Муртино собирот ќе се одржи на ден 03.11.2017 година во салата на Дом за култура – спортска сала, со почеток во 20 часот;
- Во Водоча собирот ќе се одржи на ден 06.11.2017 година во училиштето со почеток во 17 часот;
- Во с. Вељуса собирот ќе се одржи на ден 06.11.2017 година во училиштето со почеток во 18 часот;
- Во с. Баница собирот ќе се одржи на ден 06.11.2017 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
- Во с. Добрејци собирот ќе се одржи на ден 07.11.2017 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
- Во с. Просениково собирот ќе се одржи на ден 07.11.2017 година во училиштето ,со почеток во 20 часот;
- Во с. Рич собирот ќе се одржи на ден 09.11.2017 година училиштето, со почеток во 18 часот;
- Во с. Попчево собирот ќе се одржи на ден 09.11.2017 година во училиштето, со почеток во 20 часот;
- Во с. Раборци собирот ќе се одржи на ден 10.11.2017 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
- Во с. Костурино собирот ќе се одржи на ден 10.11.2017 година училиштето, со почеток во 20 часот;
- Во с. Сачево собирот ќе се одржи на ден 13.11.2017 година во училиштето, со почеток во 18 часот;
- Во с. Свидовица собирот ќе се одржи на ден 13.11.2017 година во училиштето, со почеток во 20 часот.
Денот, часот и местото на одржување на јавните собири јавно ќе бидат објавени и во просториите на урбаните, односно месните заедници, на огласната табла во зградата на локалната самоуправа и на веб страната на општина Струмица.