AMD Strela

 

Полицијата го фати манијакот кој подолго време „оперирал“ низ струмичките улици

Полицијата го фати манијакот кој подолго време „оперирал“ низ струмичките улици
Објавено на: 28 Oct 2017

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  А.М  (21) од с.Калуѓерица, Радовиш, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил 3 /три/кривични дела “силување во обид``.

 Имено, по пријавените кривично - правни настани на подрачјето на Струмица, каде од страна на непознат  сторител во ноќните часови се вршат кривични дела “силување во обид“, СВР-Струмица ги превзеде сите неопходни мерки  со цел идентификување и фаќање на сторителот.

 Според документираните сознанија од истрагата сторителот во периодот од февруари годинава до крајот на овој месец, на повеќе локации во Струмица, поточно на улиците „Максим Горки“ „Маршал Тито“ “Киро Абрашев“ „Ката Поцкова“ „Браќа Миладинови“ и „Јанко Цветинов“, најчесто во временскиот период од 19,00 до 23,00 часот, извршил повеќе кривични дела  „Силување во обид“ на начин што им приоѓал од задната страна на млади женски лица  по што  со едната рака ги фаќал за уста а со другата ги фаќал  за гениталиите  и градите, а по   брзата реакција и барање помош од  нападнатите веднаш се давал во бегство.

 На 26–ти овој месец,  околу 19,00 часот на ул. „Митo Хаџивасилев  Јасмин“ во Струмица,  во моментот на извршување на  кривичното дело А.М е фатен на лице место  од страна на полициски службеник, по што  веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР-Струмица.

 На  предлог на Јавниот обвинител од Струмица од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му  е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.  

Извор:Сооштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK