Според првичните информаци големиот пожар во семејна куќа на улицата „Панче Пешев“ во непосредна близина на струмичката болница избувнал околу 23,10 часот. Во гаснењето учествувале 8 пожарниари и три возила на Противпожарата единица од Струмица. Пожарот е угаснат и не е дозволено да се прошири на останатите куќи. Во пожарот целосно е изгорен и урнат покривот и оштетен е еден кат од куќата.
Според неофицијални информации причина за пожарот е електричната инсталација.
Нема загинати и повредени во пожарот
Настанот денес го потврди и МВР во денешниот билтен.
„На 28.10.2017 година во 23,15 часот во Полициска станица Струмица, пријавено е дека на улица „Панче Пешев“ во куќа сопственост на Д.А.(69), настанал пожар, во кој бил опожарен кровот и поткровјето, како и еден спрат од куќата. На 29.10.2017 година околу 02,00 часот од екипа на Противпожарна единица Струмица пожарот е локализиран. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден“ стои во Билтенот на МВР.
Фото:архива