Членови на Здружението на спортски риболоци „Костреш“ од Богдаци извршија заштиата на рибата во акумулацијата Палурци од птици грабливки и рибокрадци. Поради нискиот водостој на езерото тие во крајбрежните делови поставија гранки и дрвја за да може таму де се крие рибата. Тие планираат идната недела да извршат порибување на Палурци и со денешната акција го подготвија теренот за порибувањето, но истовремено и да може подмладокот да се крие за да не биде лесен плен на грабливките и рибокрадците.