Билјана Ѓоргиева Зринк е родена 1963 година во Кратово. Првата стихозбирка „Одаи на душата“ ја објави во 2010 година во Струмица. Тајните на пишаниот збор ги открива многу порано, а во 1995 година ја добила наградата најдобар поет работник. Учесник е и добитник на наградата на „Караманови средби“ во 1999 година. Нејзиното првенче „Одаи на душата“ наликува на божилак со спектар на разнобојни човечки чувства, кои пленат со убавината на темелната и длабока мисла, која ја насликала авторката (дел од рецензијата кон стихозбирката).
Втората стихозборка „Мозаик“ е објавена во 2012 година. Таа е кревка лирика за човековиот светоглед, за мечтаењето, за занесот, но и трезвена мудрост поткрепена од искуството на животот,засилен поетски изблик ја избегнува едноставноста и во пеењети и во изразот (од рецензијата кон стихозборката).
Третат стихозбирка „Бура од убавини“ е објавена во 2015 година. Композициски погледнато претставува амалгам од две навидум независни целини, квалитетот само гратис пакетче од ова бурно патување на белите бротчиња низ разбрануваното шарено море на себеспознавањето (од рецензијата).
Југоинфо: Задоволна ли сте од досега направеното и постигнатото?
-За мене задоволството е релативна работа, бидејќи денес сум утре не. Зависи од целта што секој од нас си ја поставува во животот и од аголот на гледање и перцепирање на нештата. Тоа што го имам досега напишано и објавено мене ме исполнува со задоволство, па да не бидам скромна и со гордост.
Југоинфо:Подготвувате ли нешто ново, нов поетски ракопис?
-Се надевам наскоро ќе излезе од печат мојата четврта стихозборка, за која еден од моите рецензенти ќе рече-страната на светот која недостасуваше.
Југоинфо: Вие сте нестандардна поетеса, можеби надвор од клишеата?
-Ова го сфаќам како комплимент. Сакам со малку да кажам многу. Се надевам успевам во тоа.
Југоинфо:Дали поезијата е талент, дар од Бога или се учи?
-На ова прашање ќе ви одговорам со еден цитат од мојата нова кнга што ја подготвувам:О поезијо екстремен спорт на малкумина неразбрани.