AMD Strela

 

Градоначалникот Јаневски заедно со граѓаните ќе го прави буџетот на општина Струмица за 2018 година

Градоначалникот Јаневски заедно со граѓаните ќе го прави буџетот на општина Струмица за 2018 година
Објавено на: 30 Oct 2017

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, ги повика граѓаните на општина Струмица масовно и активно да се вклучат во собирите во месните и урбаните заедници и заедно да ги утврдат приоритетите за буџетската 2018 година. Собирите започнуваат вечерва во населените места Градско Балдовци и Куклиш и ќе траат до 13 ноември.

-Во предизборната кампања како кандидат за градоначалник, ви ветив дека ќе го слушам вашиот глас, вашите предлози и идеи и дека сакам заедно да ја градиме и развиваме општина Струмица. Ќе работиме транспарентно и одговорно и строго наменски ќе ги трошиме буџетските пари. Денеска, како градоначалник на општина Струмица, ве повикувам заедно да ги утврдиме приоритетите за буџетската 2018 година. Ве повикувам активно да се вклучите во креирањето на буџетот преку собирите во месните и урбаните заедници, рече Јаневски.


Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK