Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен од Струмица, Ве поканува на двочасовна јавна расправа по однос на нацрт Стратегијата за култура на Р.Македонија 2018 - 2022 година. Јавната расправа ќе се одржи во Центарот за култура „Антон Панов“, Струмица со почеток во 13.00часот на 3 ноември (петок). Јавните расправи се организираат како дел од проектот „Партиципативна културна политика: нов модел на управување во културата“, финансиски поддржан од УСАИД програмата за граѓанско општество во периодот од 16.10.2017 - 16.01.2018. Во рамките на проектот е предвидено да се одржат осум јавни дебати/дискусии по предлог нацрт стратегијата за развој на културата 2018-2022 година во осум града во осумте плански региони (Струмица, Прилеп, Куманово, Штип, Струга, Тетово, Кавадарци и Скопје). Јавните дебати е планирано да се реализираат во тесна соработка со претставници на Министерсвото за култура и членовите на работната група изработувачи на предлог стратегијата. Добиените предлози од јавните дебати за измени и допополнувања во однос на предлог нацрт стратегијата за култура ќе и бидат дадени во вид на забелешки на два последователни состаноци со работната група одговорна за пишување на Стратегијата. Со овој проект сметаме дека ќе придонесеме кон зајакнување на културниот развој на национално ниво преку планирање на културната политика и програми и градење на капацитетите - што води кон креирање на подобра културна политика во Р.Македонија.