AMD Strela

 

Усмртил пешак и побегнал со возилото

Усмртил пешак и побегнал со возилото
Објавено на: 05 Nov 2017

На 04.11.2017 година околу 04,30 часот на регионалниот пат Струмица-село Банско, на излез од село Куклиш, се случила сообраќајна незгода во која непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот А.А.(72) од с.Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил лице местото. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. 

Извор:Билтен на МВР

Фото: Интернет

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK