AMD Strela

 

НОВУС : МЛАДИТЕ СТРУМИЧАНИ НЕ СЕ ДОВОЛНО ИНФОРМИРАНИ И ВКЛУЧЕНИ ВО КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ

НОВУС : МЛАДИТЕ СТРУМИЧАНИ НЕ СЕ ДОВОЛНО ИНФОРМИРАНИ И ВКЛУЧЕНИ ВО КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ
Објавено на: 06 Nov 2017

Да се изработи платформа преку која младите ќе се информираат но и ќе  ги ариткулираат своите потреби и директно ќе учествуваат во процесите на донесување одлуки во Струмица. Ова е заклучокот од истражувањето што го спорведе Новус како младите и младинските организации да бидат силен партнер на општината . Со истражувањето биле опфатени околу 260 испитаници при што  резултатите се контрадикторни како младите земаат учество во креирање на локалните политики.

Колку за илустрација  на прашањето дали младите во Струмица се вклучени во процесот на донесување одлуки, дури 60 одсто одговориле позитивно, но на прашањето преку која организација,  дури 80 се изјасниле дека не членуваат во ниту една организација. 70 одсто од младите  се изјасниле дека не се дел од активност или иницијатива која ги засега младите а речисии  ист е процентот  околу 70 одсто  од младите рекле дека  не знаат дека во општина Струмица има Стратегија за млади

Отварање младински културен информативен центар , обуки  и неформална едукација, кино сала, градски базени, вистински културни настани, спортски игралишта, вработувања  се дел од потребите што ги детектирале младите од Струмица во истражувањето

Проектот на Центарот за истражување Новус е е подржан од Г1 програмата на општина Стурмица за ова година.

Извор: ТВ Канал ВИС

Линк: http://kanalvis.com/?p=7330

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK