AMD Strela

 

Проектот на ЕВН Македонија за општествена одговорност „ЕВН Волонтира” пристигна и во Гевгелија

Проектот на ЕВН Македонија за општествена одговорност „ЕВН Волонтира” пристигна и во Гевгелија
Објавено на: 06 Nov 2017

 Гевгелија, 06.11.2017 -Група вработени од КЕЦ Гевгелија денес волонтираа во Основното училиште  „Владо Кантарџиев” во Гевгелија. Идејата на волонтерите беше да ги бојадисаат и освежуваат потпорните столбови на училиштето со цел разубавување на училишниот хол. 

Волонтерите со задоволство го посветија своето време и труд за да направат добро дело што ќе се запамти од страна на учениците кои го поминуваат најголемиот дел од денот во просториите на училиштето.

Проектот на ЕВН Македонија „ЕВН Волонтира” официјално почна со реализација во јули годинава. Од тогаш, реализирани се низа волонтерски активности во повеќе локации во земјава и тоа: Скопје, Кратово, Велес, Куманово, Делчево, Титов врв, Свети Николе, Зрновци и Брвеница.

ЕВН им овозможува на вработените да ги предложат нивните идеи за волонтерски активности  и дополнително им сугерира активности кои би можеле да ги реализираат. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK