Над 60 музичари од струмичката естрада се обединуваат на заеднички концерт од хуманитарен карактер. Во вторник, на 14 ноември од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе настапат: Јупитер, Интервали, Легато, Пицикато, Александра Јанева, Перо Христов,Јовче Пандев, Мелос, Астрион, Модус, Болеро, Алегро, Дикато, Жика и Дуле, Џејд Биневаи Гала Бенд. Свои настапи ќе имаат фолклорниот ансамбл Тримери и КУД „Јане Сандански“.
После подолго време ова е прво обединување на струмичките фолк и поп групи, ансамбли и пејачи на заеднички концерт. Влезниците за хуманитарниот концерт ќе бидат пуштени во продажба од среда (8 ноември).
Сите средства од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за итно продолжување на лекувањето на 32-годишниот Никола Новоселски. Од неговата фамилија пристигнаа прекрасни новости дека по неговата операција во Москва и многуте терапии тој повторно може да седи. Струмичката естрада апелира на интензивна помош за нашиот сограѓанин со присуство на концертот или донација преку телефонските броеви на мобилните оператори (ОНЕ-ВИП 143 476 и ТЕЛЕКОМ 143 173).