Струмичката полиција до Основното јавно обвинителст во Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ј (22) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил кривично дело “Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Имено, на 04 овој месец,, во 04,30часот, на регионалниот пат Струмица-село Банско, поточно на излезот од село Куклиш се случила сообраќајна незгода во која учествувале непознато патничко моторно возило управувано од непознат возач и 72 годишен пешак од Куклиш,кој веднаш по ударот од здобиените повреди починал на лице место.
Од страна на СВР-Струмица, а во координација со јавниот обвинител превземени се интензивни мерки и активности за пронаоѓање и идентификување на непознатиот возач,а во меѓувреме е распишана и централна потерница . Вчера дваесет и две годишниот возач е лишен од слобода на преминот „Табановце“ на излез од Македонија при обид за бегство и со кривична пријава е предаден во ОЈО – Струмица.
На предлог на јавен обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Р.Т.