AMD Strela

 

Фасадата на музичкото училишта „Боро Џони“ збогатена со мозаик „Линиите на звукот“

Фасадата на музичкото училишта „Боро Џони“ збогатена со мозаик „Линиите на звукот“
Објавено на: 10 Nov 2017

Музичкото училиште „Боро Џони“ во соработка со здружението „Добредојде Македонија“, денеска, го презентираа проектот „Мозаик - соработка во традиција и современо живерње“. Проектот е финансиран од министерството за култура, во рамките на проектот „Нов културен бран“. Делото мозаик - „Линиите на звукот“ е поставен на дел од фасадата на музичкото училиште, а е изработен од уметниците професорот по македонски јазик и литература Јасмина Бошевска и ликовниот уметник Симона Манчева. Учениците, нивните родители, претставници од секторот за образование при општина Струмица учествуваа во изработката, а меѓу гостите беше и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева и директорите на училиштата во Општината. За значењето на овој проект зборуваа Емилија Миладинова Аврамчевска претседател на здружението „Добредојде Македонија“ и Клара Патарова директор на музичкото училиште.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK