НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, на 17 ноември, петок, со почеток во 12 часот, во хотел Глигоров, во Струмица, ќе организираат презентација со дискусија: „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“
На овој настан ќе биде презентирани наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител и од фокус-групите организирани со новинари и граѓански активисти од Струмица, Штип, Битола, Тетово и Скопје.
Говорници ќе бидат: Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Билјана Бејкова, извршнадиректорка на НВО Инфоцентар, Гордана Дувњак, новинарка, Иџет Мемети, народен правобранителиСлавчо Тимов, заменик – народен правобранител во Регионалната канцеларија во Струмица.
Во рамки на презентацијата ќе има и дискусија за тоа: Дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции?; Дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник?; Дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот?; Дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста?
Настанот се реализира во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.