Владите на Република Македонија и Бугарија на првата заедничка седница започнуваат со работа на конкретни проекти за соработка. На седницата која ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, двата кабинета ќе ги разгледаат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката. Врз основа на постигнатите спогодби и во согласност со Договорот за пријателство, соработка и добрососедство ќе бидат потпишани билатерални документи. Напредокот во добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија ќе биде одбележан со усвојување на заедничка декларација.
Одржувањето на заедничката седница беше договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов во Скопје во почетокот на август оваа година, кога беше склучен Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави.