Земјоделците не се против предложените законски измени во пресметувањето на персоналниот данок, но бараат за секоја измена во иднина, која се однесува на земјоделството, да бидат консултирани. Така реагираат од Сојуз на синдикат на земјоделски производители во Струмица. Притоа објаснуваат дека предложените измени во пресметувањето на персоналниот данок, кои ќе важат од 2018 година, нема да значат нови давачки за земјоделците.
-Ако досега на одредена сума заработена од продажба на земјоделски производи, да речеме на еден милион денари, се плаќаше паушално 20 илјади денари, сега од таа сума се одбива 800 илјади за потрошен материјал останува на преостанатите двесте илјади денари да плати 10 проценти, односно пак 20 илјади, вели Ристо Велков, од Сојуз на синдикат на земјоделски прозиводители.
Тој додава дека нема нови наметнување нови давачки на земјоделците и ги отфрла обвинувањата на одредени земјоделски производили дека со предложените измени во пресметувањето на персоналниот данок владата брка во џебот на земјоделецот.
Велков смета дека единствената измена е што персоналниот данок кој треба да го плати земјоделецот ќе го пресметува откупувачот и ќе му ја одбие сумата од парите кои треба да му ги префрли на прозводителот.
-Тоа знали дека на вредност на откупени производи од еден милион денари, на земјоделецот ќе му бидат исплатени 980 илјади денари, а 20 илјади ќе му бидат одбиени за данокот. Единствената новина е што данокот веднаш ќе биде пресметан и платен и тоа ќе важи од 2018 година, објаснува Велков.
Тој побара од владата и од ресорното министерство во иднина при секоја измена на законските решенија задолжително да ги консултираат земјоделците за да не се создаваат лажни информации за наводни нови давачки на земјоделците кон државата.
Р.Т.