AMD Strela

 

Базар на ракотворби на лицата со хендикеп во Струмица

Базар на ракотворби на лицата со хендикеп во Струмица
Објавено на: 21 Nov 2017

Во органиција на повеќе здруженија од Струмица вчера во Домот на културата се одржа продажен базар на ракотворби на лицата со хендикеп. На мини штандовите беа понудени голем број рачно изработени предмети, а најмногу ги имаше од штитениците од Завод за заштита и рехабилитација во Банско.

            -Манифестацицијата ја организиравме порано, а не за денот на лицата со телесен хендикеп на трети декември и со овој настан сакаме уште еднаш да покажеме дека и ние можеме да работиме, знаеме и умееме секој ден, а не само на празник кој е посветен на нас. На манифестацијата учествуваат повеќе здруженија, а ја организираме заедно со Дневниот центар „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, рече Роза Мојсовска, организатор на базарот.

            Во рамките на денешната манифестација се одржа и дебата, на која претставниците на здруженијата за лицата со хендикеп дебатираа за проблемите со кои секојдневно се судираат и побараа поголема грижа и посветеност од надлежните институции.

            На базарот покрај голем број граѓани присуствуваше и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица. Таа ги посети сите штандови, а од дел од нив купи од изложените рачни изработки.

Р.Т.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK