AMD Strela

 

Премиера на „Царот Владислав“ во струмичкиот театар

Премиера на „Царот Владислав“ во струмичкиот театар
Објавено на: 21 Nov 2017

В четврток (23 ноември) со почеток во 20 часот премиерно ќе биде одиграна претставата „Царот Владислав“ од струмичанецот Борис Јанков, а во режија на Бранко Ставрев. Денеска пред новинарите се претставија авторот, режисерот и дел од актерската екипа.

Според режисерото Ставрев, во „Царот Владислав“ Борис Јанков не ги измислува личностите и настаните, туку ги наоѓа во средновековната историја, и од нив создава сопствена уметничка слика и поглед на свет.

-Ползувајќи ги искуствата на античката и на елизабетинската крвава драматургијa, тој се обидува на современата македонска драма  да и’ додаде релевантни значења од кои може да се гради актуелен театар. Неговите трауматизирани и монструозни херои се затекнати во жестока борба за власт, без бирање средства кои ја оправдуваат нивната мрачна цел. Во процесот на преточување на стихуваната драма во претстава, направена е адаптација со изземање на одреден број лица, со што е постигнато згуснување на драмското дејство, пред се со закрепнување на ликовите кои се базични носители на дејството. Нашата патувачка театарска трупа мноштвото амбиенти ги заменува со празен сценски простор за да го потсили индивидуалниот и колективниот (хорски) актерски израз и динамичниот тек на играта, рече режисерот Ставрев.

Во претставата настапуваат повеќе актери на НТ „Антон Панов“, а дел од нив се и пензионери, како што е Томе Ментинов.

Покрај премиерата, која е закажана за четврток, ќе се одржат и репризи на 28 и 30 овој месец.

Р.Т.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK