AMD Strela

 

Струмичанец се обидел да криумчари марихуана во Грција

Струмичанец се обидел да криумчари марихуана во Грција
Објавено на: 22 Nov 2017

Полицијата му поднесе кривична пријава на З.Б. (52) од Струмица за неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Струмичанецот се сомничи од страна на полицијата дека на 30 минатиот месец на граничниот камен број 12, поточно кај местото викано „Војничка чешма“ оставил 21 килограм мариухана во обид да ја шверцува во Грција. Осомничениот не успеал да ја премине границата, а „товарот“ морал да го остави бидејќи бил лоциран од граничната полиција.

По преземените мерки од страна на полицијата и по извршениот претрес во домот на струмичанецот тој е идентификуван.При тоа кај него се пронајдени непозната бела прашкаста материја со маса од околу  19 грама и непозната растителна материја со маса од околу 25 грама како и 16.200 денари, 4.055 евра, 120 швајцарски франци, 65 турски лири, 1000 унгарски форинти и 20 полски злоти, мобилни телефони и дигитална вага.   

Фото: МВР

Р.Т.                                                                                                                

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK