AMD Strela

 

Ограбена и повредена 80 годишна жена во Струмица на улица

Ограбена и повредена 80 годишна жена во Струмица на улица
Објавено на: 22 Nov 2017

Синоќа околу 21,40 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„24-ти Октомври“, додека Р.М. (80) се движела по тротоарот од зад грб била физички нападната од непознато женско лице, кое и ја одзело чантата и го напуштило местото на настанот. Р.М. почнала да вика за помош и неколку малолетни лица успеале да ја сопрат сторителката да влезе во такси возило кое било паркирано во близина, по што и ја зеле чантата и и ја вратиле на оштетената. Сторителката која имала оставено бебе во такси возилото, го зела детето и го напуштила местото на настанот. Оштетената забележала дека од чантата и недостасува паричникот, а од нападот се здобила со повреди, по што била пренесена во Јавната здравствена установа-Струмица каде и била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор:Билтен на МВР

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK