Осумдесет и две годишна старица С.Т. денес околу 13,30 часот е прегазена на улица „Борис Поп Димитров“ во Струмица. Таа починала од здобиените повреди, а според непотврдени информации неа ја прегазило патничко возило движејќи се назад.
Настанот го потврдија од СВР Струмица.
На местото на несреќата се врши увид од страна на полицијата и јавен обвинител.
Р.Т.