ЗСР „Костреш“ од Богданци, концесионер на браната Палурци, денес изврши порибување со 150 килограми крап. Рибниот подмладок е обезбеден од сопствени средства на друштвото, а со денешното порибување риболовците од Богданци уште еднаш ја потврдуваат својата определба за постојана грижа за рибниот фонд на оваа акумулација.