Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, по завршувањето на заедничката седница на двете влади и потпишувањето на девет договори и еден протокол одржаа заедничка прес конференција пред македонските и бугарските медиуми. Македонскиот премиер во своето обраќање рече дека договорот за добрососедство, пријателство и соработка потпишан на 1 август во Скопје и денешната заедничка седница активираат уште еден од моторите кои треба да го повлечат целиот регион напред.
-Оваа свест што ја имаме како влади за нашата историска одговорност е значајна за нашите билатерелани односи, значајна е за евроинтеграциите на Македонија, но и за евроинтеграциите на регионот. Ние како раководства на двете земји испраќаме силна порака во регионот и светот:Вака се гради пријателство! Вака се негува добрососедство, вака се гради пријателство, вака се развива соработка, вака се се сакаат своите граѓани, вака се мисли на регионалниот, европскиот и светскиот мир, вака се обезбедува долгорочна соработка, рече премеиерот на Република Македонија, Зоран Заев,
Тој истакна дека на зедничката седница на двете влади се разговарало за продлабочување на економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграничнара соработка, потребните реформски процеси на европските и евроатланските интеграции, а усвоена е и заедничка декларација.
Бугарскиот премиер Борисов истакна дека од големо значење е изградбата на Коридорот 8, кој ќе значи поврзување на земјите од регионот.
-Сега е момент регионот да го искористи бугарското, па хрватското, австриското и романското претседателствување со ЕУ. Тоа е можност да почне да гради Коридорот 8 кој тргнува од Албанија, преку Скопје во Бугарија и да се спои со Грција. Наша заложба е народите да се обединуваат околу инфраструктрата, енергетиката и многу други проекти кои ќе не спојуваат, а нема да не разделуваат, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
На прашање за ставовите на одредени бугарски лингвисти дека македонскиот јазик е западен бугарски дијалект, премиерите одговорија:
-Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија изнјаде начин како да зборува за перспективите, односно договорот е потпишан со формулација на македонски јазик согласно уставот на РМ и бугарски јазик согласно уставот на Бугарија и е потпишан на двата јазици. Со ова даваме шанса да зборуваме помалку за минатото, туку за сегашноста и јас сум убеден дека на овој договор треба да гледаме со радост на перспективите и знам дека договорот го јакне пријателството меѓу двете земји и двата народи и сум убеден дека е ислучителна придобивка за сите во Република Македонија, одговори Заев.
-Пред да влеземе тука се сретнавме со граѓаните на Струмица и се разбравме. Не гледам дека тука некој денес користи слушалки за превод што значи дека се разбираме.Има ли нешто поважно од тоа да се разбираме.Нека научниците ги решаваат овие прашања, а ние ако почнеме да ги толкуваме овие работи тогаш ништо не сме направиле и наместо да потпишеме договор за соработка меѓу армиите ќе реба да дојдеме со тенкови од двете страни, рече бугарскиот премиер Борисов.
Бугарската владина делегација во Струмица пристигна со два хеликоптери и под силно полициско обебзбедување најпрвин двајцата ремиери се сретнаа во манастирото Водоча, каде беа пречекани од митрополитот Струмички, Наум. По тет а тет средбата меѓу Заев и Борисов, двајцата премиери положија цвеќе на споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, а по завршуањето на заедничката седница и прес конференцијата бугарскиот премиер Борисов предаде донација на општина Струмица-специјално возило за превоз на лицата со посебни потреби.