AMD Strela

 

Полицијата ја пронајде жената што ја нападна и ограби осумдесет годишната старица

Полицијата ја пронајде жената што ја нападна и ограби осумдесет годишната старица
Објавено на: 25 Nov 2017

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  Е.Ѓ  (21) од с.Просениково, Струмица, поради постоење на основано соменение дека  пријавената сторила кривично дело „Разбојништво“.

 Имено на 21.11.2017 година, околу 21.37 часот, на ул.„24 Октомври„ во  Струмица, пријавената  сакајќи за себе да прибави противправна имотна корист  физички ја нападнала  Р. М (80) од Струмица, на тој начин што најпрво од позади грб пријавената ја турнала  по што оштетената паднала на тротоарот. При обид  да и ја одземе женската ташна ја влечела околу еден метар,  по што оштетената  ја испуштила ташната која пријавената ја зела со себе давајќи се во бегство.

Додека оштетената била влечена  гласно викала и барала помош,  кое викање го слушнале  четири децата  кои се приближиле до оштетената и откога дознале за што се работи  веднаш започнале да трчаат по пријавената . За кратко време пријавената влегла во такси возило каде било оставено нејзиното бебе со намера да замине, но едно од децата застанало пред возилото кажувајkи му на возачот дека жената има украдено ташна и соборено жена на земја, притоа одземајќи и ја ташната. Додека сите деца и возачот разговарале  пријавената  излегла од такси возилото си го зела бебето и со трчање се дала во бегство.  Деца и ја вратиле ташната на оштетената која откако проверила збележала дека и е украден паричникот во кој имала парични средства и лични документи.

При нападот оштетената се здобила со повреди при што на истата и била  укажана медицинска помош а од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди.

По пријавување на настанот во СВР-Струмица  веднаш се превземени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело.  

 По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена  во ОЈО-Струмица. 

Извор:Сопштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK