Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер околу 21 часот на локалниот пат Струмица-село Просениково, на новата улица која води кон откупниот центар на „Агрокор“, едно лице загина, а две се повредени. Животот го загуби еден од сопатниците во автомобилот „фолцваген шаран“, М.М. (35) од Струмица, додека возачот П.А. и другиот сопатник се повредени се пренесени на лекување во струмичката болница.
Починатиот сопатник до доаѓањето на возилото на итната медицинска помош давал знаци на живот, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите.
Според засега непотврдени информации возилото се движело со голема брзина, при што излетало од патот и удрило во објект на Македоската радио дифузија, на местото на каде пред неколку години се случи хеликоптерската несреќа.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител од ЈО Струмица и полицијата.
Р.Т.