Водејќи се од принципите на транспарентност и одговорност, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, буџетот на општина Струмица за 2018 година, го го крои заедно со граѓаните. По одржувањето на јавните собири по месните и урбаните заедници, партиципативното учество на граѓаните продолжува преку Граѓанскиот буџетски форум чии две сесии ќе се оджат на први и четврти декември во големата сала на домот на АРМ. Јаневски денеска упати повик до граѓаните за масовно и активно учество на форумот.
-Транспарентното работење и активното учество на граѓаните во донесувањето на локалните одлуки се препознатлив белег на општина Струмица. Заедно со граѓаните одлучуваме како ќе ги трошиме парите од општинската каса, ги утврдуваме приоритетите и го креираме нејзиниот развој. Со јавните собири кои што ги одржавме во урбаните и месните имавме одлична соработка со граѓаните. Тие за наредната буџетска година дадоа околу двесте предлози за подобрување на условите за живот во нивните средини. Водејќи се од принципите за транспарентност, одговорност и демократско владеење, општина Струмица и оваа година, буџетот за 2018 година ќе го креира во консултација со граѓаните преку Граѓанскиот буџетски форум. Форумот ќе има две сесии, првата ќе се одржи на први декември, петок, со почеток во 18 часот во големата сала на домот на АРМ, а втората во истиот објект на четврти декември, понеделник, исто така со почеток во 18 часот. Ги повикувам граѓаните за масовно и активно учество на овие форумски сесии. На истите, тие ќе имаат можност да се запознаат со планираните програми и проекти на општина Струмица за 2018 година, да дискутираат и да предлагаат проекти во програмите на Општината. Граѓанскиот буџетски форум во општина Струмицa го имплементира Центарот на заедницата на општина Струмица со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а со моја лична и поддршка од општинската администрација. Овој Форум е само еден од начините за активно вклучување на граѓаните во креирањето на локалниот развој.Тие ќе бидат наши партнери со кои ќе обезбедуваме квалитетен живот за сите, во градот и населените места. Затоа, почитувани мои сограѓани, го очекувам вашето присуство и активно учество на двете сесии на Граѓанскиот буџетски форум во општина Струмица, рече Јаневски.