Во изминативе шест месеци проектниот тим на „НОВУС“ работеше на прибирање на податоци од јавен карактер, а завршниот настан се одржа денес (30 ноември во Домот на АРМ. Пред присутните претставници на граѓанските организации, медиумите и претставници на општините од југоисточниот регион, собраните податоци ги презентираше координаторот на проектот, Ристо Тасев. Дел од дискусиите на рисутните беа насолени во правец на понатамошно јакнење на транспарентнста и отчетноста на општините и институциите во регионот, а конкретно беше побарано доследно почитување на законот за слободен пристап до информаици од јавен карактер, но и негово дополнување и изменување, бидејќи тој е донесен во 2006 година и потребно е негово прилагодување на актуелените состојби во оваа сфера. Беше исто так поборано општините да ја зголемат трансаретноста пред граѓните со објавување на конкретни информации, но и понатамошно обучување на лицата кои се задолжени за доставување информации од јавен карактер од сите институции.
Од страна на Здружението „НОВУС“ беше иницирано здружено делување на НВО организациите и медиумите од Југоисточниот регион во насока на заеднички пристап кон мобилизирање на што поголем број на граѓани да се поттикнат да бидат коректив на властите и активно да влијаат врз работата на локалните и државните институции на отчетноста и јавните информации. За таа цел ќе бдие подготвна декларација, со чие потпишуање ќе се иницира создавање мрежа на граѓански организации и медиуми.
Целта на проектот беше анализа, oбработка, прибирање и ефективна примена на информациите од јавен карактер поврзани со економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина како основа за отчетност и транспарентност на институциите во насока на подобрување и остварување на правата на граѓаните, креирање истражувачки стории и зголемување на степеност на информирање на јавноста.
Инаку, оваа шестмесечна активност се реализираше преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.