Во рамките на глобалната кампања иницирана од Обединетите Нации ,,16 дена активизам против родово базирано насилство’’ денес во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа дебата насловена како ,,Заедно против насилството врз жените“, чиј покровител беше Зорица Заева, сопруга на премиерот Зоран Заев, а во организација на Здружението „Организација на жени“ од Струмица. На дебатата излагање имаше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека насилствтото врз жените отсекогаш било присутно на овие простори, н во последно време тоа не е зголемено, туку е зголемен бројот на тие што го пријавуваат.
-Токму затоа сите институции во моментов се подготвуваат за ратификација на Истанбулската конвенција која што ќе ни даде обврска голема како држава, да постои координиран систем помеѓу сите институции за одговор на родово базирано насилство. Ќе треба да се воспостават сервиси кои што ќе одговараат на потребите на жртвите на родово базирано насилство и институциите и судовите нема да смеат да затајуваат, рече министерката Царовска.
За сопругата на премиерот Заев, Зорица, под чие покровителство се одржа ова дебата, најважно е да не постои толеранција за насилството.
-Не постои во овој свет место на жените и место на мажите. Сите сме еднакви. Не постојат права на жени, туку постојат човекови права и овде како што реков сите сме еднакви, рече Заева во своето обраќање.
Во Макоднијаја има четири шелтер центри за семејно насилство, а од министертвото за труд и социјална политика најавуваат и отворање на прв шелтер центар за заштита од сексуално насилство.
Инаку, на дебата покрај министерката за труд и социјална политика и спругата на премиерот Заев, зборуваа и Јована Тренчевска од Сектор за еднакви можности при ресорното министерство, националниот технички координатор на СЗО за Република Македонија, Д-р Елена Костова, директорката на Клиника за гинекологија, Д-р Викторија Јовановска, Маја Иванова, виш инспектор по семејно насилство и малолетничка деликвенција при СВР Струмица, Нетка Ковачева, адвокат, и Д-р Ана Филипче, психолог.