AMD Strela

 

Силниот дожд не предизвика посериозни проблеми во Струмичко

Силниот дожд не предизвика посериозни проблеми во Струмичко
Објавено на: 03 Dec 2017

Според информации од Регионалиот центар за управување со кризи во Струмица силниот дожд кој што врнеше утрово на територијата на општината не предизвика посериозни проблеми, ниту пак дојде до излевање на водотеците. Единствено досега е пријавено поплавување на дел од нивите кај селото Габрово.
Од Центарот изнформираат дека во изминатово деноноќие во Струмица наврнале 11,7 литри воден талог на еден метар квадратен.
Колкава количина наврна денеска ќе се знае утре, кога УХМР во 7 часот ќе достави информација до Регионалниот центар за управување со кризи.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK