Првиот заеднички дует на Сузана Гавазова и нејзината внука од сестра 16 годишната Зорица ги одведе и до првата награда на четвртиот по ред фестивал ,,Прилеп фест,,Нивната дуетска песна насловена ,,Кај што љубовта те води,, ја доби првта награда од страна на жири комисијата на штотуку завршениот фестивал во Прилеп на кој учествуваа голем број познати имиња од македонската фолк сцена.Идејата за песната која има за цел да прати порака до сите млади никогаш да не се откажуваат од своите соништа била на Гавазова,а реализацијата на веке проверениот авторски тим Дејан Момировски и Борче Нечовски.
Видно возбудена веднаш по завршувањето на фестивалот и соопштувањето на одлуката на жири комисијата Сузана за порталот Југоинфо изјави дека е пресрекна и се чувствува како на самите почетоци, не поради неа туку пред се поради нејзината внука чиј што талент бил забележан уште на првиот нејзин настап.Исто така презадоволна е и од тоа што понудиле песна за која се надева дека долго ке живее мегу публиката.Во мегувреме таа најави дека веке се подготвуваат уште неколку заеднички проекти со нејзината внука,но исто така ке има и голем број други музички изненадувања кои таа со нејзиниот тим ги подготвува за претстојната летна сезона.