AMD Strela

 

Ретроспективна изложба на академскиот сликар Георги Божинов - Фаника

Ретроспективна изложба на академскиот сликар Георги Божинов - Фаника
Објавено на: 19 May 2012

Академскиот сликар Георги Божинов Фаника одбележа 50 години од неговото ликовно творештво. Преку ретроспективната  изложба насловена ,,Шарена,, со над 120 дела работени во повеке ралични техники Божинов ги потсети љубителите на ликовната уметност во Струмица на сите фази од неговото 50 годишно уметничко творење.

,, Овие цртежи на платно,масло на платно,портрети и слики се дел од мојата ,,Мапа,,.Тие се моите бисери,грижливо чувани, за сега да бидат споделени со сите љубители на уметноста.Мојот живот и дело е нераздвоиво од мојата љубов,мојата жена Гуга на која и ја посветувам изложбата.,, изјави Божинов

strumica

За изминатите пет децении колку што твори, академскиот сликар Божинов има создадено голем број на уметнички дела работени скоро во сите ликовни техники.Има реализирано над 40 самостојни,а учествувал и во многу повеке групни изложби и колонии.Освен пред ликовната јавност во родната Струмица тој има изложувано и пред љубителите на ликовната уметност во Скопје, Љубљана, Верд, Врхника, Момјан, Истра, Париз,А мстердам, Охрид и во неговото отворено ателје во Дојран.

strumica

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK