AMD Strela

 

Промовирана книга за контрола врз безбедноста во РМ на доц. д-р Козаров

Промовирана книга за контрола врз безбедноста во РМ на доц. д-р Козаров
Објавено на: 19 May 2012

,,Парламентарна контрола и надзор над безбедносниот сектор во Р. М,, Вака е насловена новата книга на доцент доктор Атанас Козарев која беше промовирана во Струмица.Станува збор за дело кое преку стручна анализа и компаративните искуства од земјите во регионот и пошироко се занимава со ова проблематика. За промоторот на книгата,деканот на Факултетот за детективи и криминалистика  на Европскиот универзитет  д-р Стојан Славески  издавањето на ова дело е многу значајно бидејки е едно од ретките кое се занимава со ова тема и ке придонесе многу  за подобрување на парламентарната контрола во земјата за која уставот ги нуди сите механизми,но потребна нивна поголема практична примена.

strumica

,,Се работи за труд кој што е произлезен како резултат на вечниот предизвик помегу моќта на парламентот,моќта на законодавниот дом од една страна,но од друга страна и потребата да се чуваат слободите и правата наспроти гаранциите за националната безбедност во една држава.,, рече авторот на книгата доц.Д-р Атанас Козарев

Книгата,,Парламентарна контрола и надзор над безбедносниот сектор во Република Македонија ,,  завршува со  нацрт-закон  за парламентарен демократски надзор над полицијата,одбраната,разузнавачко-безбедносната заедница и приватниот сектор за безбедност во Р.М

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK