Групата Болеро се подготвуа за голема прослава. Познатата струмичка четворка во јуни годинава слави 20 години од формирањето. Наместо со роденденска торта по повод дведецениското успешно егзистирање на македонската фолк сцена, велат дека нивната публика која беше со нив сите овие годин, ке ја почестат со голем број нови проекти. Започнаа минатата недела со промоцијата на новата песна насловена,,Ординација,, за која веке беше промовиран и спот работен во продукција на БОКС-БОМ Телевизија.
Оваа песна ке биде дел од четвртиот студиски албум за кој веке се привршуваат и останатите девет песни.Во дел од нив исто како и во ,,Ординација,, повторно со свои соло делови ке гостува првата светска труба Џамбо Агушев. Во мегувреме се прави изборот на песните кои ке бидат дел од цд-то насловено ,,Најдоброто од Болеро,, а на кое ке се најдат 20 нумери веќе познати на публиката.
Освен албумот со комплетно нови и најголемите досегашни хитови на групата планираат снимање на уште еден материјал со стари македонски песни но со комплетно нови аранжмани подготвени од страна на членовите на групата. Планот на Болеро е целата оваа година да биде во знакот на јубилејот од 20 години,а тоа значи дека нема да има класично одбележување ,туку во текот на целата година ке бидат промовирани најавените проекти,но велат дека има и голем број други изненадувања кои ќе се откриваат постепено.