AMD Strela

 

Во Банско откриена бања од вториот век !

Во Банско откриена бања од вториот век !
Објавено на: 21 May 2012

 На археолошкиот локалитетот Римски терми од   во Бања Банско, откриена  е уште една бања ,  помала од претходната и според досегашните истражувања најверојатно се работи  за објект од вториот век. Со овие сознанија за еден век се поместува и датирањето на целиот локалитет за кој досега се сметше  дека   почнал да егзисира кон средината на третиот век па се до првите децении на петтиот век.

bansko

,,Се работи за многу необична  просторија.Досега во литературата  никаде немам сретнато дека е искористен еден природен феномен,значи таложењето на бигор и под него да се подигне објект за капење ,односно мал базен.,, вели Ване П.Секулов - археолог Новооткриената бања исто како и претходната е една  од ретките од тој  период кои се  тродимензионални,односно комплетно зачувани,од под до свод.

bansko

За прв пат истражувањата на на доцно римското термално лекувалиште  се започнати во 1978 година .Досега се откриени две бањи и уште три објекти кај кои истражувањата се само започнати и допрва треба да ги дадат одговорите за што конкретно се работи.Тимот кој што работи на локалитетот вели дека станува збор за голем број на објекти кои ги има како во вертикала така и во хоризонтала. Една од претпоставките е дека тука  мегу другото се крие и храм на Хермес.Поткрепа на ваквите очекувања  дава веке откриената негова  скулптура и натпис на постаментот  во кој се споменува правосвештеничката на светилиштето. И ова година истражувањата на локалитетот во Банско се реализираат со средства од министерството за култура на Република Македонија.

 

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK