Вчера во општина Валандово се одржа 15 и последна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион за оваа година, на која присуствуваа градоначалниците на општините од регионот и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Пред присутните градоначалници, Раководителот на Центарот, Жулиета Ѓуркова ги презентираше Предлог Финансискиот план за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година, како и Предлог Акциониот план за 2020 година за спроведување на Програмата за рамномерен регионален развој на Југоисточниот плански регион кои на седницата едногласно беа усвоени.
На оваа Седница исто така беше донесена и одлука за предавање и преотстапување на користење и одржување на објект по проект „Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање езерска плажа во Дојран“ на општина Дојран, којашто исто така беше едногласно усвоена.
Како гости на петнаесеттата Седница на Советот на Југоисточниот плански регион присуствуваа и претставници од УМФ Тренинг со цел презентирање на Студијата за воспоставување модел за управување со прифатилиште за бездомни животни во ЈИПР и УНДП кои заедно со Мама Органа презентираа повеќенаменски стационар за бездомни животни како самоодржливо решение. После оваа презентација останува на градоначалниците да размислуваат и одлучат во иднина за начинот на управување за прифатилиштата од Југоисточниот плански регион коешто во Струмица е веќе изградено,а прифатилиштето во општина Валандово ќе се изгради во наредниот период.