Премиерот Зоран Заев со семејството им ја честиташе Новата година на сите граѓани. Во честитката, која ја објави на фејсбук, стои:
„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици.
Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“.