Имаме голема чест да ви соопштиме дека и во 2020 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционалното палење на коледарскиот оган, информираат од општина Богданци.
Во Богданци настанот ке се оддржи во недела, 05.01.2020 година, во Градскиот парк со почеток во 18 часот.
Настанот е во организација на Лебопекара ММ и Солун 53 маркети.
В понеделник, 06.01.2020 година, истиот настан во организација на Месната заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково придружен со оддржување на забавна програма (маскенбал) во Домот на култура Стојаково со почеток во 19:30 часот.