Поврката тргна од црквата „Свети Григориј Палама и Свети Димитриј“, помина преку Градскиот плоштад и Старата чаршија и заврши во храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.
Во Бадниковата Детска поворка учествуваа над сто деца, кои низ улиците на Струмица ја пееја песната „Вечниот Бог“ и со тоа го најавуваа Христовото раѓање.
Епископот Стобиски господин Јаков ја пречека поворката во храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и им даде благослов на децата.