Сениорскиот тим на Академија Пандев стартуваше со подготовките за вториот дел од првенството. Првиот дел од подготовките „пандевци“ ќе ги одработат во Струмица, а екипата на 24 јануари ќе замине за Анталија, Турција, каде се до 7 февруари ќе се продолжи со вториот дел од подготовките и ќе се одигра шест контролни натпревари.
Тимот го напуштија Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ и Давид Денковски.
Освен Ангел Гранчов, првото засилување за тимот, потпиша и Ндуе Мујеци. Станува збор за 26-годишен напаѓач, кој е роден во Скадар,Албанија, а до сега во кариерата има настапувано за екипите на Влазнија, Ада, Пирин Благоевград, Дунав Русе, Сабуртало, Вентспилс.