AMD Strela

 

Протест во Старо Коњарево против сеча на шумата над селото

Протест во Старо Коњарево против сеча на шумата над селото
Објавено на: 10 Jan 2020

Жителите на Старо Коњарево со протестен собир побараа да престане сечата на шумата над нивното село на планината Беласица. Според нив тоа е причина за загадување на водите кои доаѓаат од планината, но и стравуваат од уште една катастрофална поплава како таа од 2004 година, кога селото беше затрупано со камења од планината Беласица.

Според жителите, земјиштето во близина на изворите во местото Топлик е нестабилно, што се гледа од соголените површини од кои земјата се лизнала и со било какви градежни работи уште повеќе се пореметува статиката на земјиштето што доведува до потполно загрозување на снабдувањето на селото со вода.Покрај тоа, тие се спротивставуваат и на пробивање на нов пат за експлоатација на шумата и бараат од надлежните да не се гради.

На протестот присуствуваше и градоначалникот на Ново Село, Никола Андонов кој рече дека бараат од надлежните иституции да дојдат стручни лица и да видат дали е оправдано да се вршат такви активности над селото Старо Коњарево.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK