Денес меѓу 14:00 и 14:30 часот, во село Негорци во семејната куќа врз Ј.Т. од страна на непознат сторител е извршено кривично дело "Обид за силување" предвидено во член 186 од КЗ, инфомираат од СВР Струмица.
-По пријавувањето на настанот веднаш се преземени итни службени мерки и активности со координирање на сите служби на теренот, при што по еден час сторителот е пронајден и е лишен од слобода. Станува збор за лицето И.Н. од село Мелница. Се.преземаат сите дејствија за расветлување на овој кривично правен настан. Лицето ќе биде задржано во просториите на ОВР Гевгелија во координација со ОJO ќе следи понатамошно постапување по пријавениот настан, стои во соопштението на СВР Струмица.